Маат – вистина и љубов

Зошто?

јануари 24, 2012 · 8 коментари

Сега само што слушнав дека претплатата за МТВ планираат да ја зголемат?!

Па веднаш се запрашав what the fuck we are?!

Капитализам, социјализам или нешто измеѓу?

Не разбирам зошто статусот на МТВ да биде различен од статусот на било која друга телевизија?!

УЈП ми праќа решенија и тоа јас го сваќам и чувствувам како еден вид присила зашто јас можеби воопшто не ја гледам таа телевизиска куќа и едноставно не сакам да ја плаќам. Или нема да го купам тој пакет каде е МТВ! Мое право!

Зошто МТВ не може како сите други телевизии да си се договори со кабелските оператори?!

Нека брка рејтинг и реклами и нека фура!

Па кој сака да ја гледа, нека ја гледа.

Толку просто и едноставно!

И сега пак и покачување?!

На времето плаќавме 3000 луѓе кои не знаеја што им се работните задачи, но така беше речиси насекаде, НО СЕГА?!

→ 8 CommentsCategories: Uncategorized

Околу вандализмот

јануари 23, 2012 · 13 коментари

Незнам што беше лајт мотивот на една трибина што се одржа вчера зашто иако се одржа под мотото архитектурата како историско наследство нејзината тема не беше тоа. Тука пак не можам а да не се запрашам и за кредибилитетот на говорниците на темата – архитектура како историско наследство.

Професорот во предметот кој го предаваше, станбени објекти, немаше ниту час за традиционалната, македонска, било народна било градска, архитектура, па добро би било да се запраша нели е тоа еден вид вандализам кон Македонија чии архитекти немаат час за сопствената архитектура како историско наследство?! И сега одненадеж архитектурава била историско наследство!

ДА, Е, но зошто ли не беше до сега е прашањето?! Зошто почитуваниот професор заедно со колегите, кај кои ги учевме стиловите и историјата на архитектурата и уметноста, не се потрудија да истражуваат и да вметнат барем една македонска градителска тајфа или зограф во нивните предавања?!

Ја учевме секоја шуша однадвор, требало или не, но ниту една македонска тајфа не беше ниту спомната! По предметот на почитуваниот професор немаше час на пример за ФАСАДА на македонска куќа, за односи на волумени во истата, за растер и поставеност на прозори, за стреи и еркери, чардаци, буквално ништо!!!

Затоа и се прашувам од каде кредибилитетот да се зборува на тема архитектурата како историско наследство?!

Освен еден семестрален испит за македонска народна архитектура друго ништо не се спомна ниту се изучуваше на Архитектонскиот факултет во Скопје за македонската архитектура, не пак да биде изучувана како историско наследство!!!

Се прашувам како никој од моите почитувани професори не смогна сила да ја спомне македонската архитектура во своите предавања, како ниту еден од нив не се побуни кога така издашно таа архитектура се уништуваше пред нивни очи?!

И сеуште се уништува, а тие ниту збор?! Зошто не се организира една  трибина за срушените куќи од крајот на 19 и почетокот на 20 век од народна градска архитектура во Охрид, Велес и ред други градови па и села низ Македонија?!

Зошто не се побунија кога наместо да се реставрира архитектонското културно наследство, тоа се уништуваше. Некој ставаше фасада од ризла и боеше со мрсна боја на местото каде претходно имаше фреско сликарија?! Зошто?! А сега одненадеж се загрижија?!

Е тек тогаш, да застанеа во одбрана на претходното, за мене, ќе имаа кредибилитет да дискутираат!

Со децении, не години, децении, се уништуваше архитектонското наследство!

И молк!

Еден не застана во одбрана на истото, а можеле, биле носители на катедри!

Кога си носител на катедра не е само да бркаш тезги, а само за тоа грото од нив беа заинтересирани, туку и да дадеш смер и насока за национално и општо добро! Да мислиш и го негуваш тоа национално културно наследство, да го пренесуваш на генерации како не би се изгубило, а би се развивало и надградувало!

Но од сето тоа ништо и без трунка црвенило да се излезе и да се зборува за архитектурата како историско наследство е во најмала рака лицемерно и затоа за мене таа трибина е само како наменски памфлет чија содржина во никој случај не е архитектурата!

→ 13 CommentsCategories: Uncategorized · блогосфера · историја · кариера · колумни · култура · лично · образование

Ако не беше БОРКО…

јануари 23, 2012 · 30 коментари

Ма ако не беше Борко, ќе беше пак издишен балон.

А егото на Кире арно е малку да спласне.

За кого? За Македонија!

Ама Македонија шлогирана ќе остане од ваква игра!

За малку ќе беше некњашната!

Ало тренер, тајм аут?!

→ 30 CommentsCategories: Uncategorized · спорт · љубов

Издишен балон

јануари 21, 2012 · 18 коментари

Токму така се чувствувам.

Барем нерешено да оставеа.

Вака нема ни 1 бод.

Немам зборови.

Овој пат сами сме си криви.

Никој друг.

Важно чувството не е ич убаво.

Како им е на дечките, само тие си знаат.

→ 18 CommentsCategories: Uncategorized · спорт · љубов

МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА!

јануари 19, 2012 · 23 коментари

Тепавме!!!!!!!

27:21 за нас!!!

Але, але, але, але, але але!!!!!!

Победа!

За кого! За Македонија!!!!!!!!

→ 23 CommentsCategories: Uncategorized · спорт · љубов